Маж ги нападнал сопругата, бабата и синот
Вчера во 23.00 часот, во СВР Скопје 40-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом таа, нејзината 77-годишна мајка и нивниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг, четириесет и петгодишниот М.С, кој употребил и тврд предмет. „Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.