Со освоени 60 медали, прилепскиот карате клуб “Феникс” убедливо најдобар на интернационалниот турнир „Фунакоши Опен“
Новата натпреварувачка сезона за карате клубот „Феникс“ од Прилеп започна онака како што беше завршена и претходната – со нов голем успех и освојување на првото место. На 7 март, во Кисела Вода, се одржа интернационалниот карате турнир „Фунакоши Опен“, на кој учество зедоа повеќе од 500 натпреварувачи од Македонија, Албанија и Србија. Во силна конкуренција,


