Случаи во Битола: малолетник нападнат, повеќе возачи под дејство на алкохол зад волан
Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Битола се забележани неколку инциденти, вклучувајќи физички напади и случаи на безобѕирно управување со возила под дејство на алкохол. На 14 април, околу полноќ, во Битола, 51-годишен жител пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници на улицата „Партизанска“,








