Кошта ја пофали Црна Гора: Вие сте најдобриот пример за позитивниот моментум на проширувањето на ЕУ
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска во Подгорица изјави дека Црна Гора е „еден од најдобрите примери за позитивниот моментум на проширувањето на ЕУ“. Кошта, кој е на својата прва турнеја низ земјите-кандидатки од Западен Балкан, го пофали напредокот на Црна Гора во реформите, усогласувањето со политиките на ЕУ, поддршката за Украина