Нема одмор за Алкалоид, денеска на мегдан со Бутел Скопје
Алкалоид продолжува со силниот ритам. Нецели два дена по победата од пет гола против Рунар во рамките на првата полуфинална пресметка во ЕХФ Европскиот Куп на домашен терен, денеска избраниците на Кирил Лазаров ќе играат меч од плеј-офот. Во салата Автокоманда гостува тимот на Бутел Скопје, ова е натпревар од петтото коло, истиот стартува во 19 часот