Поранешен фудбалер на Работнички поради војната на Блискиот Исток се врати во Сплит
Поранешниот фудбалер на Работнички Емир Сахити мораше да го напушти Израел поради војната на Блискиот исток. Воените случувања го принудија да замине од Тел Авив и со семејството да дојде во Сплит каде што претходно неколку сезони го носеше и дресот на Хајдук. Сахити е играч под договор со Хамбургер (Бундес лига) и беше на позајмица во Макаби Тел Авив

