Промена во планот кај одбојкарската репрезентација: Подготовките за ЕЛ 2026 стартуваат порано
Подготовките на машката сениорска репрезентација на Македонија за настапот во Европската лига 2026 ќе започнат една недела порано од претходно договореното. Селекторот Јошко Миленкоски побара, а Федерацијата одобри најдобрите одбојкари првиот собир да го имаат на 6 мај, во Крушево. Првиот дел од подготовките, Миленкоски и неговите избраници ќе ги одработат


