„Три Марии“ на Ќорвезироска ја доби „Стале Попов“, „Вообразби“ на Бранко Цветкоски е најдобра поетска збирка
Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Ламина“, ја освои наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија. Оваа одлука со мнозинство гласови ја донесе тричлената жири-комисија во состав: Соња Стојменска-Елзесер (претседателка), Снежана Младеновска-Анѓелков и Давор Стојановски (членови). Наградата „Ацо Шопов“






