Почит и сеќавање на Владо Јаневски – вечерва ќе се пеат неговите стихови пред арената „Борис Трајковски“
Вечерва во 20 часот, пред арената „Борис Трајковски” во Скопје фановите со песни и со свеќи ќе и оддадат почит на македонската музичка легенда, пејачот и текстописец Владо Јаневски, кој почина на 66 – годишна возраст. Настанот е во организација на продукцијата „Прагма“, која ги повика сите што ја сакаат музиката на Јаневски да бидат дел од вечерта










