Утре на платото пред арената „Борис Трајковски“: „Оддавање последна почит на Владо Јаневски – достоинствено, со песна, со тишина, со љубов“
Фото: П. Стојановски Утре (30 јуни) од 20 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се организира настан во чест на кантавторот Владо Јаневски, кој почина вчера (28 јуни) по кусо боледување во Скопје, објави продукцијата „Прагма“. „Ќе се собереме за последен пат да му оддадеме почит на Владо Јаневски. Нека неговите песни одекнат уште еднаш,








