Пешевски: Ветувам дека во иднина ќе гледате ваков Еурофарм Пелистер
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер загуби од германскиот шампион Кил со 20-23 во мечот од третото коло во Лигата на шампиони. За разлика од првите два меча кои ги загуби убедливо, Еурофарм Пелистер одигра храбро и покажа дека не случајно е дел од елитното друштво. Задоволен од настапот на својата екипа беше и капитенот Жарко Пешевски