Инстаграм менува важна функција, приватните пораки повеќе нема да бидат целосно заштитени
Популарната платформа Instagram најавува значајни промени во начинот на функционирање на приватните пораки, што предизвикува загриженост кај дел од корисниците. Според достапните информации, од мај се очекуваат измени поврзани со шифрирањето на пораките, односно нивната заштита, што досега беше клучен дел од приватната комуникација на платформата.




