„Филипче да не се однесува како народот да има колективна амнезија и да каже зошто не реагирал за водата во Гостивар кога бил министер“, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија. Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина“,









