„Ролан Гарос“: Ѓоковиќ и Алкарас може да се сретнат пред финалето
Ждребот за тенискиот грен-слем Ролан Гарос најави интересни дуели на новото издание на турнирот во Париз, а најголемите фаворити во машка конкуренција може да се сретнат уште пред финалето. Ждрепката одлучи Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас да бидат потенцијални ривали во полуфиналната рунда, што значи дека само еден од нив може да игра во големото финале