Помладиот Маркез мора да се оперира по несреќата во Асен
Возачот на Гресини, Алекс Маркез, се здоби со фрактура на раката во несреќа за време на Големата награда на Холандија. Помладиот од браќата Маркез излета од патеката по дуелот со Педро Акоста, веднаш беше јасно дека има проблем со левата рака. Прегледите во медицинскиот центар открија дека шпанскиот мотоциклист ја скршил втората метакарпална коска