Скопје ќе заблеска во празнична атмосфера од 10 до 15 декември
Скопје ќе добие новогодишна декорација во периодот од 10 до 15 декември, а централната новогодишна прослава ќе се одржи на плоштадот „Македонија“, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. За украсувањето на градот е избрана компанија, а Ѓорѓиевски во гостување на телевизија „Сител“ посочи дека постапката била транспарентна и дека деталите се јавно достапни


