Институтот за јавно здравје: Вработени земале плата без да доаѓаат на работа
Раководството на Институтот за јавно здравје алармира за низа неправилности во работењето на институцијата, откриени по внатрешните контроли и ревизорските проверки. Според директорката д-р Марија Андоновска, биле утврдени случаи на вработени кои со години не се појавувале на работните места, а редовно примале плата и биле евидентирани како присутни









