Јанушев се огради од уапсениот возач: Неговото постапување нема никаква врска со мене, претходно возел и други функционери
Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, целосно се огради од постапките на неговиот возач, кој беше уапсен во случај поврзан со мито за посредување при вработување, и ги отфрли обвинувањата на СДСМ. Јанушев оцени дека е „крајно несериозно и политички бедно“ тоа што опозициската партија, како што вели, се обидува од конкретниот случај да произведе










