Голема излезност на изборите во САД: Над 43 милиони Американци гласаа пред изборниот ден
Голема излезност е забележана на предвременото гласање во Соединетите Американски Држави, особено во сојузните држави каде што се водат неизвесни изборни трки за места во Сенатот. Во Мичиген, една од клучните држави за распределбата на политичките сили во Конгресот, повеќе од 2,3 милиони граѓани го искористиле правото на глас пред официјалниот изборен









