Ракометарките на Ѓорче Петров изборија осминафинале во Европскиот куп
Ракометарките на Ѓорче Петров се пласираа помеѓу 16 најдобри во Европскиот куп на ЕХФ. Македонскиот тим синоќа во Автокоманда уште еднаш го победија Еупен, овој пат со 48:36. Најефикасни во победничкиот состав беа Коларовска и Ризоска со по 11 голови. На првиот натпревар одигра пред осум дена во Белгија, ЖРК Ѓорче Петров победи со 45:39.