ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е обврска кон иднината, со инспирација од делото на Илинденците да ја градиме Македонија со одговорност и визија
Илинден е најсилниот симбол на македонската борба за слобода и сопствена држава. Во него се испреплетуваат идеалите на илинденците од 1903 година и делото на генерацијата што преку АСНОМ ги постави темелите на современата македонска државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тој е сведоштво за истрајноста, пожртвуваноста и непоколебливата волја на народот да









