Трамп привремено го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредена стока од Канада
Американскиот претседател, Доналд Трамп го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредени стоки од Канада, додека се финализираат документите за договорот меѓу двете земји. Царините требаше да стапат во сила во 00:01 часот по источноамериканско време, но Трамп соопшти дека нивната примена се одложува до крајот на 21 август, пренесе„ Си-Ен-Ен“.










