„Сентиментална вредност” на Триер е најдобар европски филм, освои вкупно 6 европски оскари
(Од Берлин за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина КОСТОВА) „Сентиментална вредност“ на норвешкиот автор Јоаким Триер е најдобар европски филм и освои вкупно 6 европски оскари на 38. доделување на Европските филмски награди во Берлин. Триер доби и за најдобар режисер и за сценарист со Ескил Вогт, Ренате Ренсве за најдобра актерка, Стелан Скаргард за најдобар актер










