Откачена тројка во Турција од кош за кош и тоа за победа
Мечот меѓу Тофаш и Бордо Бандирма донесе скроз луда завршница во првото коло од турскиот шампионат. Резултатот на самиот крај беше 87:89 за гостите кои го промашија второто слободно фрлање. Останаа 1,5 секунди, а капитен на Тофаш, Јигитџан Сајбир изведе лудорија за победа.

