Алкалоид вечер против атински АЕК игра за пехар, за историја, за Македонија
Алкалоид вечерва од 20.30 часот во полниот „Борис Трајковски“ против атински АЕК игра меч кој ќе влезе во историјата на македонскиот ракомет. Фармацевтите имаат прилика која не смее да ја испуштат, им треба победа, реми, или пораз до три гола разлика за да станат првиот македонски клуб кој го освоил ЕХФ Европскиот куп, трето по квалитет клупско натпреварување