Дури 80 отсто од прогнозерите очекуваат Барселона по Ел Класико да стане шпански првак
Финалето на осмата сезона на Спортската прогноза ќе биде викендов, а на понудата има вкупно 13 меча од најсилните лиги во Европа. Возбудувањата ќе започнат в сабота од 13:30 часот, со дербито од англиската Премиер лига меѓу Ливерпул и Челзи. Дури 82 отсто чекаат Ливерпул да победи, но тоа и не е толку неверојатно ако се знае дека Челзи има шест порази

