Доставен обдукцискиот наод за Ведат Адеми кој почина откако прими терапија во кумановската болница
Од Јавното обвинителство соопштија дека Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го доставил обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми. Оттаму посочуваат дека наодот се разгледува во корелација со други докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. Кумановското обвинителство веќе отвори предистражна постапка