Голманот Трубин со гол во 98-та минута ја однесе Бенфика во плеј-офот, а Реал го исфрли од Топ 8
Најлудиот натпревар, во последноот коло од првата фаза во Лигата на шампионите, го одиграа Бенфика и Реал Мадрид. Бенфика победи со 4:2 и благодарение на подобрата гол-разлика од Олимпик Марсеј (за еден гол), го освои 24-то место, последно кое носи играње во баражот. Во исто време, Реал испадна од Топ 8 и ќе мора да игра дополнителни два натпревари






