Театарскиот дел на „Охридско лето“ започнува со монодрамата „Сите најубави нешта“ во „Форт кафе“, како една од новите официјални сцени
Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, на 13-ти јули, прв настан по отворањето на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, во „Форт кафе“, како една од официјалните сцени, ќе биде театарската претстава „Сите најубави нешта“, според Данкан Мекмилан. Монодрамата е во режија на Дејан Пројковски, а настапува актерот Игор Ангелов. Ќе се игра во