Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив пет управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активнс забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. Две лица во Скопје возеле без возачка





