„Тоше те сакаме“ – емотивен културно-уметнички настан во чест на Тоше Проески
Со силни емоции, насмевки и искрена почит кон ликот и делото на Тоше Проески, вчера во аулата на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром се одржа културно-уметничкиот настан „Тоше те сакаме“. Настанот беше топла и достоинствена почит кон музичката и човечка големина на Тоше Проески, обединувајќи деца, млади, наставници, родители и граѓани околу заедничката


