Трет пораз во низа за ГКК Штип, Бојчев од Кожув блесна со 31 поен!
Кошаркарите на Кожув стигнаа до вториот триумф во третото коло од Суперлигата. На гостувањето во Штип, екипата од Гевгелија славеше против ГКК Штип со 85:77, во натпревар во кој домаќините долго време беа рамноправен противник, но гостите го презедоа контролата во второто полувреме и успеаја да ја зачуваат предноста во неизвесната завршница. ГКК ШТИП


