Мекманаман: Голот на Интер е поништен поради нокт на ногата?!
Првиот полуфинален натпревар помеѓу Барселона и Интер заврши со резултат 3:3. Публиката виде неколку атрактивни и еден поништен гол. Во 75-тата минута, стрелец за гостите беше Хенрик Мхтарјан. По четврти пат, топката се најде во мрежата на Каталонците, но помошникот судија го крена знамето, а ВАР потврди офсајд. И тоа минимален, милиметари беа во прашање…