Дерала: Апелација го затвори случајот со Мицкоски на моја штета, но мојата решителност да ја бранам слободата е посилна од било кога
Уредникот на Цивил медиа, Фронтлајн и Новатв.мк, Џабир Дерала, вчера соопшти дека Апелациониот суд во Скопје ја потврдил пресудата против него во тужбата на премиерот Христијан Мицкоски, своевремено поднесена преку неговиот тогашен адвокат и сега актуелен министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. За Дерала, пресудата ја покажува длабоката испреплетеност