Ивановски: Одиме напред секоја година, ќе има европска кошарка во Битола
Големо е задоволството во таборот на КК Пелистер откако тимот доби зелено светло за да биде дел од Лигата на Шампионите, поточно од квалификацискиот циклус за пласман во елитното европско натпреварување под капата на ФИБА. Од самиот почеток на овој проект беше најавено дека планот е најпрвин да се постави клубот на здрави темели, а потоа да се оди