Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа
Над 50 хектари земја во плодната Гевгелиска Котлина цели четиринаесет години се држат во заложништво на една од пропагандните макети на ДПМНЕ. На оваа површина нема фабрики, производствени погони, инвеститори ниту ветените работни места. Има празни парцели, трње и депонија, додека Македонија увезува храна и домашните земјоделци молат за обработлива



