„Јон Вардар против галаксијата“ на фестивал во Чиле; Успешно продолжува со меѓународното претставување
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ продолжува со своето меѓународно патување, овој пат со учество на „Фикшн фест“ – фестивал за фантастичен и хорор-филм кој се одржува во Чиле. Филмот е избран меѓу десетте долгометражни остварувања во официјалната селекција, во рамките на јубилејното десетто издание на фестивалот








