Алехандро Табило во полуфиналето на мастерсот во Рим
Чилеанскиот тенисер Алехандро Табило се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим со победата од 2:0 (6:3, 6:4) над Жижен Женг од Кина. Табило го шокираше тенискиот свет победувајќи го првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ во третото коло, а потоа го совлада и фаворизираниот Карен Хачанов. Во првиот сет Табило направи два брејка, тенисерот