Леброн Џејмс стана најстар играч со трипл-дабл
Лос Анџелес Лејкерс со 124-104 го совлада Далас Маверикс и ја забележа 33-та победа во основниот дел од НБА лигата. Леброн Џејмс ги водеше до триумф со 28 поени, 12 асистенции и 10 скока за 35 минути на паркетот. На 41 година Леброн стана најстариот кошаркар кој успеал да направи подвиг и да стигне до трипл-дабл. Нему годините не му претставуваат проблем










