Осумгодишник се здобил со повреди откако му пукнала петарда
Во Врапчиште, гостиварско, осумгодишно дете се здобило со повреди откако во неговата рака експлодирала петарда. Повреденото дете било донесено во Ургентниот центар во Гостивар, а по укажаната прва помош, поради сериозноста на повредите, било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.










