Кредитите пораснаа за 13,6% на годишно ниво, и покрај месечниот пад на депозитите
Податоците на Народната банка за јануари 2026 година покажуваат дека кредитната активност продолжува да расте со стабилно темпо, додека депозитите бележат солидна годишна динамика и покрај месечните намалувања. Паричната маса во јануари е намалена за 1,4% на месечно ниво, главно поради падот на краткорочните депозити и депозитните пари. Сепак, на годишно










