Од Скопје до Њу Џерси: „Trend Coffee“ – кафулето со тирамису по рецепт на баба и музика во живо
Во Монтклер, Њу Џерси, на булеварот Блумфилд 411 се наоѓа „Trend Coffee + Tea House“, кафуле кое веднаш ве потсетува на атмосферaта на „битник“ локалите од Гринич Вилиџ од 60-тите години. Но, зад американскиот шарм се крие македонска топлина – сопствениците се брачната двојка од Скопје, Сања и Димитар Бањански, кои во САД се преселиле во 2000 година,



