„Штрковите“ во Аеродром и „Тортата“ во Чаир освежени и украсени со сезонско цвеќе
Од ЈП Паркови и зеленило информираа дека нов цветен изглед добиле фигурите „Штрк" во Општина Аеродром и „Торта" во Општина Чаир. Оттаму посочија дека денеска тие биле освежени и украсени со сезонско цвеќе од видот Миозотис ( Myosotis) и Хризантема (Chrysanthemum). „Истовремено, денеска се сади есенски цветен расад на повеќе локации низ Скопје, во цветните

