Инцидент кај Крклино: Мечка влезе меѓу овци во близина на Стрежево
Мечка утрово нападнала стадо овци во атарот на битолското село Крклино, при што усмртила една овца. Инцидентот бил пријавен околу 9:30 часот, информираше градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Според првичните информации, нападот се случил во близина на манастирот и каналот на хидросистемот Стрежево. Сопственикот на стадото веднаш го пријавил









