Левица тврди дека е приведен Андреј Куцуловски поради истакнување знаме на Палестина
Партијата Левица објави дека претседателот на нејзиниот подмладок „Црвена младина“, Андреј Куцуловски, бил приведен за време на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Израел, при што, според нив, причина било истакнување на знаме на Палестина. Во објава на социјалните мрежи, од партијата наведуваат дека приведувањето било извршено без образложение,









