Продолжи судењето за таткото на Васил Јованов – одбраната реагираше за наведувачки прашања
Со испитување на сведок и изведување на видео-докази од системот „Безбеден град“, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, при што одбраната оспори дека постојат директни докази оти обвинетиот му го доверил возилото на својот син и оцени дека Обвинителството не било соодветно подготвено




