Одбојкарка во петиот месец од бременоста играше натпревар
Необична ситуација се случи на одбојкарски натпревар во Бразил. Присила Оливеира Хелдес привлече големо внимание не само поради својата игра на теренот туку и поради тоа што реши да го одигра натпреварот во петтиот месец од бременоста. Во четвртфиналната серија од бразилската Суперлига, се сретнаа Сеси-Бауру и Флуминенсе, за кој настапува Присила.