13-годишник тешко повреден откако со електричен тротинет удрил во паркиран автомобил
Тринаесетгодишно момче од Кичево се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Рудничка“ во Кичево. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во ОВР Кичево во 11:15 часот. Малолетникот управувал електричен тротинет и удрил во паркирано патничко возило „Опел Астра“










