Визуелно-акустичниот перформанс „Звучна илустрација“ на Глигор Кондовски во Скопје
Виолинистот, композитор и филмски автор Глигор Кондовски денеска ќе го претстави визуелно-акустичниот перформанс „Звучна илустрација“, во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Настанот започнува во 19:30 часот. Програмата опфаќа седум целини: „Интродукција“, „Одек во просторот“, „Звучен пејзаж“, „Прекршување“, „Видлив звук“, „Звучен судир“ и „После звукот“






