Beach Film Festival: Вечерва на бродот „Армада“ панел дискусија за неопходноста од филмска едукација во училишните програми
Охрид, 20. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на Beach Film Festival, денеска од 17:00 часот, на брод „Армада“ ќе се одржи панел дискусија 0на тема „Неопходноста од филмска едукација во училишните програми, но и во рамките на неформалното образование во културните институции, организации и центри“ која е во организација на Кинотеката на Република Македонија